Mакедонските кадети, за жал, не успеаја да се пласираат во четвртфиналната фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се игра во Скопје.
Причината е оној единствен пораз кој нашите млади кошаркарки го запишаа во дуелот со селекцијата на Естонија, „доволен“, токму Естонија, а во последниот круг од натпреварите во групата „Д“ и Шведска да одат понатаму. Македонија останува во оној „средишен дел“, во наредните денови, по оној денешниот предвиден за одмор, во борбата за пласман 9. до 16. место.
Сето тоа за големо разочарување и кај селекторот Александар Јованчев.
„Едноставно кажано, спортот е суров. Неверојатен расплет на натпреварите нė стави во позиција да не одиме понатаму. Апсолутно заслуживме да бидеме во најдобрата ‘осумка’ и веројатно со големи шанси да бидеме во најдобрите четири, земајќи го предвид квалитетот на групата со која што требаше да ‘вкрстиме’“– потенцира Јованчев по победата над репрезентацијата на Австрија.
Следува оној втор дел од шампионат во кој Македонија ќе се бори максимално, како што вели селекторот, до самиот крај…
„Планот за групната фаза беше исполнет со трите победи. Им честитам на играчите за она што го прикажаа до сега. Останува да ја одбраниме честа на националниот дрес и сигурен сум дека ќе дадеме се од себе да го завршиме првенството без пораз“ – порачува Јованчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА