Јовановски на местото на Илиќ во стручниот штаб на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со една промена во стручниот штаб ќе го стартува новиот циклус во Лигата на Нации. Има смена на тренерот на голманите. Така на местото на Саша Илиќ, доаѓа Ѓорѓи Јовановски.

Илиќ заминува поради тоа што сака да се посвети на клупски обврски. Ѓорѓи Јовановски беше дел од стручниот штаб на младата селекција на Македонија во 2020-2021 и од 2014 до 2016. Беше дел и од други помлади селекции како оние до 15 и 17 години. Има искуство со работа во Кореа, беше тренер на голманите во Поханг, Сеул и Даежеон.

Селекторот Благоја Милевски во секој момент треба да го објави списокот на фудбалери за првите два меча од Лигата на Нации против Фарски Острови на гости и против Ерменија дома, дуели кои се играат на 7. септември, односно три дена подоцна.

 

Се вчитува...