Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ донесе пресврт победа за Монако од 2-1 на дуелот против Лил во 30. коло од шампионатот на Франција.
Монако имаше негатива откако гостите со голот на Мотиба дојдоа до водство од 0-1 во 16. минута. Но, израмни Роне Лопез во 44. минута, а Јоветиќ со мајсторски потег донесе водство за домашните и конечен триумф од 2-1.
Монако со 66 бода е на втората позиција на табелата, со 14 бода помалку од водечкиот ПСЖ кој е на сосема сигурен пат на одбрана на титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА