Јоветиќ пред сензационален трансфер во Борац Бања Лука

Црногорскиот фудаблски репрезентативец Стеван Јоветиќ ќе направи сензационален трансфер и ќе потпише со тимот на Борац Бања Лука. Јоветиќ кој во кариерата играше за Манчестер сити, Интер, Севилја, Монако, Фиорентина, Херта Берлин и Олимпијакос наводно ги договорил личните услови и наскоро се би требало да биде официјализирано со клубот од Босна и Херцеговина.

Без клуб Јоветиќ е од 1. јули од кога е во потрага по нов ангажман. Доколку заврши во клубот од Бања Лука тоа ќе биде веројатно еден од најдобрите трансфери во последните 20 години во шампионатот на Босна и Херцеговина.

Се вчитува...