Јовиќ: Без концентрација и максимална реализација нема победа

Металург не го издржа притисокот и не најде соодветно решение за играта на Горење, што им го донесе четвртиот пораз во регионалната СЕХА лига (24-29).По натпреварот тренерот Александар Јовиќ кој го води тимот од Автокоманда во отсуство на Лино Червар, потенцираше дека лошата завршница и многуте промашени зицери го чинеле Металург пораз во овој дуел.

„Екипата на Горење беше подобро подготвена и им честитам за победата. Од нас од самиот почеток на натпреварот знаеја што сакаат и како да дојдат до тоа. Ние на моменти се враќавме во натпреварот , но ни недостасуваше завршница. Не реализиравме неколку контри, зицери, а против екипа како Горење ако не си со 100 % концентрација и максимална реализација, не можеш да победиш. Одбраната не ни беше на ниво. Ние треба да направиме добра анализа. Имаме млада екипа на која цело време треба да и се укажува дека само со борбеност може да стигне до целта. Освен колективмната тактика, сите играчи треба да си направат и своја индивидуална тактика“ – истакна Александар Јовиќ.

За разлика од забелешките на Јовиќ, на спротивната страна, Жељко Бабиќ имаше многу причини да биде задоволен со играта, но и со бодовите што ги освои неговиот тим на гостувањето во Скопје.

Ова беше одличен натпревар. Видиовме борбен и динамичен ракомет. Разликата не беше толку голема колку што покажува резултатот. Имавме поголема ротација и играчите покажаа дека ја посакуваат победата“ изјави тренерот на Горење.

Бабиќ упати и свои комплименти за играта на младиот состав на Металург во Лигата на шампионите.

Морам да признаам дека со задоволство го гледам средбите на Металург во ЛШ и морам да им честита за тие настапи“ – рече Бабиќ.

Се вчитува...