Металург успеа да обезбеди победа во СЕХА против Војводина (30-26), но колку што добро играа ракометарите на теренот, посебно во првото полувреме, толку големи се и маките што ги има клубот на финансиски план. И капитенот Филип Кузмановски, а и тренерот Александар Јовиќ апелираат на средување на состојбата, или во спротивно, ќе го снема тимот.
„Оваа победа е само на играчите, тие одиграа на високо ниво и покрај сите проблеми со кои се соочуваме. Се надевам дека македонска раконетна јавност, вклучувајќи ги и РФМ и АМС, увиде дека би било жално Металург да не продолжи по својот пат. Имаме многу репрезентативци, 11 во младинската репрезентација, имавме и тројца сениорски репрезентативци, а во иднина ќе имаме и повеќе. Но, крајно време е да се решат проблемите во Металург, за да можеме да продолжиме со работа и во иднина да бидеме уште подобри“, изјави Александар Јовиќ на прес – конференцијата по мечот против Војводина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА