Фудбалерот на Милан, Лука Јовиќ доби два натпревари суспензија поради црвениот картон на мечот со Монца.
Јовиќ, кој беше стартер на натпреварот, заработи исклучување во 50. минута на дуелот кој „росонерите“ го загубија со 4-2.
Напаѓачот на Милан наседна на провокација, го удри противничкиот дефанзивец и најпрво доби жолт картон, но прегледување на ВАР снимката главниот судија ја промени одлуката и му покажа на Јовиќ црвен картон.
How’s this a red?? pic.twitter.com/ETIPF3ojLz
— Luka Jović (@TeamJovic) February 18, 2024
Италијанската дисциплинска комисија денеска донесе одлука да го суспендира Јовиќ од натпреварите со Аталанта и со Лацио. Србинот сезонава постигна седум гола за Милан во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА