Јовиќ го избра составот: Кизиќ и браќата Атанасијевиќ од трибини ќе го следат мечот со Колстад

Еурофарм Пелистер вечерва ќе го пречека норвешки Колстад во премиерниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите, а тренерот Александар Јовиќ со својот стручен штаб го избра тимот што ќе излезе на мегдан на теренот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Голмански тандем на „пелистерци“ на овој меч ќе биде Лесјак – Гедбан, што значи дека македонскиот репрезентативец Марко Кизиќ ќе го следи овој дуел од трибините.

Заедно со него, во составот нема место ниту за Павле и за Петар Атанасијевиќ, кои ќе се надеваат на деби во ЛШ на еден од следните натпревари на Еурофарм Пелистер.

На спротивната страна, Сандер Сагосен ќе го предводи Колстад во Битола, а гостите се соочуваат со проблем поради неиграњето на десниот бек Магнус Род поради повреда.

Се вчитува...