Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 одиграа одличен прв дел од сезоната во Суперлигата. Го зедоа скалпот на македонскиот шампион Вардар и во моментов се наоѓаат на четвртата позиција на првенствената табела со само бод помалку од третиот Бутел.
Тренерот на „пелистерци“ Александар Јовиќ вели дека мора да продолжат и во вториот дел со истите резултати и на крајот да успеат да излезат и во Европа.
„Овој прв дел од шампионатот можам да го окарактеризирам како позитивен. Имавме одлични натпревари и на домашен и на гостински терен. Самата победа против двократниот европски шампион говори сама за себе. Имаме огромен потенцијал во оваа екипа, треба да продолжиме да работиме, да се подготвиме добро, да направиме добри подготовки и да влеземе максимално подготвени во доигрувањето на првенството. Целта е да обезбеди плеј-оф. Мислам дека со овие досегашни натпревари тоа го заслуживме. Имаме добар спој на млади иискусни играчи. Ме радува што имаме добра атмосфера. Немаме поделба во екипата и сите дишеме заедно. Со макотрпна работа лимитот на оваа екипа не може да се процени. Имаме голем потенцијал, ни треба време, многу работа и најважното многу трпение“, изјави Јовиќ.
Слично размислува и Павле Атанасијевиќ…
„Тешки беа овие шеснаесет натпревареи. Имавме цел за исполнување, сите натпревари беа тешки и борбеноста и тимскиот дух беа видливи. Каде е мојата заслуга тука? Тимот го прави играчот, тоа имам само да порачам. Мислам дека имаме шанси да излеземе во Европа, но има уште многу од шампионатот и плеј-офот, па ќе видиме колку можеме“, изјави Атанасијевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА