Ракометниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер го забележа и третиот пораз сезонава во Лигата на шампионите откако на домашен терен загуби од Кил со 20-23.
Иако битолчани го одиграа веројатно најдобриот натпревар сезонава, посебно во фазата на одбрана немаа сила да го изненадат големиот фаворит.
Тренерот на битолчани Александар Јовиќ верува дека овој меч ќе биде пресвртница во сезоната…
„Очигледно е дека напредуваме во играта, а ние тоа како стручен штаб го знаевме. Одигравме добар натпревар против најдобриот клуб во Европа. Работиме со стручниот штаб како да изнајдеме најдобра постава, да ги пронајдеме вистинските играчи. Нова ни е екипата, но сметам дека во иднина само ќе растеме. Овој натпревар ќе биде пресвртница, огромна надеж е овој меч. Играчите сфатија дека можат да се носат со најголемите европски екипи“, изјави Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА