Српскиот репрезентативец Лука Јокиќ конечно доби шанса да биде стартер на еден натпревар во дресот на Милан, но истата ја прокоцка откако доби црвен картон во 52. минута поради непромислен потег удирајќи го противничкиот фудбалер со шлаканица.
Јовиќ го остави својот тим на цедило при негатива од 2-0 па се најде на мета на критичарите во Италија. Медиумите го „распарчија“ Србинот дека со вакво однесување не заслужува да го носи дресот на Милан, а пораките кои ги доби воопшто нема да му помогнат да остане на „Сан Сиро“ и во иднина со оглед на тоа што има само едногодишен договор.
How’s this a red?? pic.twitter.com/ETIPF3ojLz
— Luka Jović (@TeamJovic) February 18, 2024
По црвениот картон во фокусот на преносот веднаш се најде и Златан Ибрахимовиќ со лут израз на лицето кој јасно говори за катастрофалната грешка која ја направи Јовиќ.
Милан и покрај тоа што одигра повеќе од 40 минути со играч помалку успеа да стигне до изедначување од 2-2, но на крајот на средбата прими уште два гола за болен пораз од 4-2 кој го спречи да се искачи на второто место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА