Реал Мадрид тргна во обновување на составот за следната сезона, прв пристигна дефанзивецот Милитао од Порто, а за 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт дојде српскиот интернационалец Лука Јовиќ. Тој е најскапиот напаѓач што дошол на „Сантијаго Бернабеу“ во историјата на најтрофејниот европски клуб.
Бразилецот Роналдо Назарио своевремено беше платен 45 милиони евра, „кралевите“ за да ги донесат Карим Бензема и Алваро Мората идзвоија по 35 милиони евра, а Николас Анелка беше ‘вреден“ 30 милиони евра. Во последните неколку години трансферните суми во европскиот фудбал пораснаа до небесни височини, а Јовиќ ќе го носи бремето дека е најскапата „деветка“ во историјата на Реал Мадрид.
За очекување е Зидан во следната сезона да ги ротира Бензема и Јовиќ, по што далеку помладиот Србин во иднина би ја презел и одговорната улога на предводник на нападот на најтрофејниот европски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА