Јовиќ не дебитираше, но НБА веќе го суспендираше: Направи проблем поради тепачка! (ВИДЕО)

Никола Јовиќ, 27. пик од драфтот во НБА, е суспендиран поради „недолично однесување“ на натпреварот помеѓу Мајами и Торонто.

Мајами го совлада Торонто со 112-109, но се остана во сенка на тепачката меѓу Калеб Мартин и Кристијан Колок.

Дојде до физичка пресметка кога Колоко ја фати топката во нападот, судиите укажаа на фаул, тој стана и дојде до тепачка. Сите веднаш влетаа да ги раздвојат двете страни, а таму беа и судиите.

Тоа што Јовиќ веднаш скокна од клупата и го напушти дозволениот простор го чинеше Јовиќ суспензија од еден меч против Торонто на гости, објави Шамс Чаранија, познат кошаркарски новинар. Учесниците во тепачката се казнети со по 15 илјади долари, додека Мартин исто така е суспендиран на еден натпревар.

Се вчитува...