Јовиќ: Не ни е важно дали ќе биде Алкалоид или Вардар, тоа ќе биде празник на ракометот

Еурофарм Пелистер без поголеми проблеми го совлада Тинекс Пролет со 28-21 во првото полуфинале од Купот на Македонија.

Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, по триумфот нагласи дека подготвени го чекаат финалето кое треба да биде празник на ракометот.

„Во полуфиналето игравме со играчи кои имаат помала минутажа, а оние кои го понесоа теретот во дуелот со Вардар 1961, се одморија. Немам желби за противник во финалето. Нека победи подобриот. Се подготвуваме за било кој ривал. Јасно е дека целосно подготвени ќе го дочекаме финалниот натпревар, кој сам по себе е празник за ракометот“ – истакна Јовиќ.

За Еурофарм Пелистер ова ќе биде 14-то финале во Купот на Македонија, а имаат и девет порази во полуфиналните пресметки од најмасовното домашно клупско натпреварување.

Се вчитува...