На првиот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола е поразен од норвешки Колстад со 22-31. Норвежаните покажаа дека разликата во класи, сепак, е голема и дека во моментов тие се поквалитетни од македонскиот првак, кој не можеше, ниту му беше дозволено да парира, и да ја загрози победата на противникот.
Тренерот на битолчани Александар Јовиќ по мечот вели дека и покрај слабата партија неговиот тим не заслужи пораз од девет гола.
„Му честитам на противникот за победата и среќа и успех понатаму. Мислам дека лошо го отворивме натпреварот. Имавме голема желба, бевме борбени, но мислам дека не заслуживме пораз од девет разлика. Тоа се базира на многу промашени зицери и мислам дека направивме многу грешки. Овој натпревар треба да биде поука за понатаму и едно големо искуство“, изјави Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА