Александар Јовиќ има многу причини да биде незадоволен од играта, но како што посочи и од односот на дел од играчите на Металург по четвртиот пораз во серија во Лигата на шампионите. Во последниот натпревар на домашен терен, македонскиот вицешмапион загуби од Мотор Запорожје (22-30), но што е уште полошо, во текот на целиот натпевар „металурзи“ остнаа во подредена позиција.
„Мотор беше доминантен и во одбраната и во нападот и ја заслужи победата. Им посакувам среќа во наредната фаза од ЛШ. Што се однесува до нашата игра, потфрливме и во нападот и во одбраната, имавме многу технички грешки и избрзани напади. Криво ми е што не се боревме до крај. Да загубевме, но на поинаков начин. Имаме млада екипа, но мислам дека одредени играчи треба да сфатат дека добиваат премногу шанса и дека е коректно тоа и да го оправдаат на терен“ – изјави Александар Јовиќ.
Во последниот натпревар од групната фаза во ЛШ, Металург на 2 декември му гостува на Спортинг во Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА