Пелистер го запиша и петтиот пораз во исто толку натпревар во Лигата на шампионите. Нов тежок залак за битолчани беше ППД Загреб кој триумфираше убедливо со 28-17 по големиот пад во играта на македонскиот шампион во последните 15 минути од средбата.
Тренерот Александар Јовиќ на официјалната прес-конференција по натпреварот во Загреб призна дека комплетно потфрлиле и во нападот и во одбраната во второто полувреме.
„Пресуди тоа што во последните 15 минути немавме решение ниту во нападот ниту во одбраната. Истото ни се случуваше и на претходните натпревари и факт е дека мора да работиме повеќе на тоа, за да не ни се повторува и во иднина и за да можеме да победиме екипи во Лигата на шампионите“ – рече Јовиќ по мечот со ППД Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА