Јовиќ нов соиграч на Пандев во Џенова?

Лука Јокиќ пристигна во редовите на Реал Мадрид како големо засилување во нападот, но Србинот не ги исполни очекувањата. Претходната сезона одигра само четири натпревари во Шпанија по што следеше позајмица во Франкфурт каде повторно не успеа да ја најде својата форма па сега се наоѓа пред нова преселба, а можно е да заврши како соиграч на Горан Пандев во Џенова.

Македонската фудбалска легенда е пред продолжување на договорот со италијанскиот тим, а и српскиот интернационалец ќе има што да научи од голгетерот. Италијанските медиуми најавуваат силна Џенова во сезоната која следи, а претседателот на клубот Енрике Прециози во 23-годишникот гледа играч кој може да го врати клубот во битката за Европа.

Доколку овој трансфер се оствари тој ќе биде едногодишна позајмица со можност за откуп на играчот на крајот на сезоната. Сепак за остварување на тоа на Џенова нема да и биде лесно бидејќи како конкурент за потпис на Јовиќ ја има и Сампдорија.

Се вчитува...