Јовиќ по ждрепката: Достоинствено ќе ги претставиме Битола и Македонија во Лигата на Шампионите

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, најавува дека неговиот тим ќе се прикаже во добро светло во пертстојното издание од Лигата на Шампионите.

Битолчани се најдоа во групата А каде за ривали ќе ги имаат Кил, Кјелце, Пик Сегед, ПСЖ, Алборг, ППД Загреб и Колштад. Јасно е дека станува збор за аисклучително силна група, но „пелистерци“ бодрени од верните навивачи ќе сторат се за да ги замрсат сметките на фаворитите, пред се на натпреварите во Битола.

„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“, изјави Јовиќ по ждрепката.

Се вчитува...