Еурофарм Пелистер не може да се пофали со успешен старт на новата сезона. По поразите во Лигата на Шампионите од страна на Колштад и во дербито на домашната сцена против Вардар, битолчани сега ги очекува нов предизвик на интернационалната сцена – гостување во Данска кај Алборг.
Тренерот Александар Јовиќ верува дека неговиот тим ќе се издигне и ќе одигра во рамки на можностите и покрај тоа што „зелено-белите“ ги очекува нова тешка средба против скандинавски противник.
„Втор натпревар по ред играме против скандинавски ривал. Не треба да се трошат зборови за Алборг. Оваа екипа неодамна играше и финале на Лигата на шампионите, а сега се засилени со ракометари како Ландин и повратникот Хансен. Верувам дека ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет“, изјави Александар Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА