Јовиќ пред Кил: Редно време е Еурофарм Пелистер да проработи

Предизвиците за ракометарите на Еурофарм Пелситер во Лигата на Шампиони продолжуваат оваа среда во Битола каде македонскиот шампион ќе го пречека германскиот – Кил.

Против германскиот претставник кој по првите две кола е перфектен битолчани ги очекува тешка задача, но тренерот Александар Јовиќ верува дека неговите ракометари конечно ќе одиграат на посакуваното ниво и ќе се спротивстават на фаворизирниот противник на нивото на кое тимот може да игра.

„Го пречекуваме шампионот на Германија и сите знаеме со каков противник треба да се судриме. Крајно време е нашата екипа да се покаже во поинакво светло и по натпреварот сите да бидеме задоволни од одиграното.

Со сигурност ви тврдам дека Еурофарм Пелистер ќе ги исполни сите цели за оваа сезона. Имаме комплетно нова екипа и ние треба време. За брзо време ќе се претставиме во најдоброто светло. Добро ќе се спремиме за Кил и ќе извадиме максимум од екипата.

Направивме анализа на натпреварите на Кил, преферираат модерен ракомет и динамична игра. Ќе се обидеме да наметнеме темпо кое нам ни одговара. Треба да играме трпеливо во напад и со тоа ќе спречиме нивна брза игра. Еурофарм Пелистер само ќе расте, одигравме два натпревари од Суперлигата и тие добро ни дојдоа. Играчите почувствуваа и добра игра и победи и прашање на денови е кога ќе проработиме“, изјави Јовиќ.

Се вчитува...