Лука Јовиќ е на чекор до преселба во Фиорентина. Иако шпанските медиуми првично најавија дека италијанскиот клуб ќе потпише едногодишна позајмица со Реал Мадрид со задолжителен откуп на крајот, Џанлука Ди Марсио пренесува дека кралскиот клуб се уште не сака да стави клаузула за откажување, за да се осигура дали сака да го врати.
Во Мадрид очигледно се надеваат дека Јовиќ ќе успее да ја оживее кариерата на позајмица и да се врати во форма следната сезона. Ди Марсио тврди дека преговорите меѓу двата клуба се интензивирале во последните неколку дена, како и дека во следните денови треба да дојде во Италија на лекарски прегледи, по што треба да потпише и договор за позајмица.
Српскиот репрезентативец минатата сезона одигра само 357 минути во Реал и постигна еден гол. Соиграчи на напаѓачот во Фиорентина ќе му бидат соиграчите од српската репрезентација Никола Миленковиќ, Матија Настасиќ и Алекса Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА