Лука Јовиќ пристигна во Реал Мадрид како големо засилување од редовите на Ајнтрахт во 2019 година, но напаѓачот не успеа да се наметне на „Сантијаго Бернабеу“. Напаѓачот беше доведен од страна на Зинедин Зидан, а со заминувањето на Французинот ќе замине и Србинот, пренесуваат шпанските медиуми.
Реал Мадрид за услугите на Јовиќ плати 60 милиони евра, а постигна само два гола и две асистенции за „кралевите“ по што следеше враќање на позајмица во Франкфурт, но по одличниот прв натпревар, Србинот повторно потфрли во продолжението од сезоната.
За услугите на Јовиќ е заинтересиран Милан кој следната сезона ќе се врати во Лигата на Шампионите, но проблем за „црвено-црните“ ќе биде платата на напаѓачот кој во Реал Мадрид заработува 10 милиони евра годишно. Под водство на Анчелоти нема да има место за Јовиќ во тимот, па доколку 23-годишникот сака да биде постојан првотимец ќе мора да се задоволи со помали примања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА