Српскиот интернационалец Лука Јовиќ, зборуваше за времето кога беше дел од Реал Мадрид. Напаѓачот беше дел од „кралевите“ од 2019 до 2022 година, со тоа што една полусезона мина на позајмица во Ајнтрахт.
Од оваа година Јовиќ замина од Реал, и стана дел од Фиорентина, но и таму е далеку од неговите најдобри денови. Србинот смета дека грешката му беше што прерано заминал во таборот на „кралвите“.
„Тоа беше одлично искуство за мене. Да бидам дел од најдобриот клуб во светот е голема чест. Но, мислам дека се преселив прерано. И тогаш Карим Бензема влезе во форма и заслужено ја освои Златната топка, исто така немав и среќа. Прво пандемијата со коронавирусот, потоа и повредите. Но, за мене времето минато таму беше едно огромно исксутво“, изјави Јовиќ.
Целиот трансфер Реал го плати 65 милиони евра. На 51 меч за „кралевите“ постигна само три гола. Се пресели во Фиорентина бесплатно, но Реал Мадрид ќе добие 50% од следниот трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

