Шампионот на Македонија Пелистер со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24. Тренерот Александар Јовиќ, стручниот тим менаџер Звонко Шундовски и стручниот штаб ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Тренерот Јовиќ на првиот собир изјави дека е сигурен дека достојно ќе го претстават клубот во Лигата на шампионите.
„Сигурен сум дека ќе направиме сè за достојно да го претставиме нашиот клуб и нашиот град во Лигата на шампионите, а покрај тоа и да ги оствариме зацртаните цели во домашниот шампионат и Купот на Македонија. Нашата визија и цел е да направиме спој од македонски квалитетни млади ракометари дополнително со странски играчи. Не сакаме да имаме преголем број на ракометари во ростерот, мислам дека со уште едно до две засилувања ќе направиме одлична екипа за новата сезона“, изјави Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА