Салернитана и Милан ремизираа 2-2 во суперинтересен дуел што вечерва беше одигран во Салерно, меѓу „фенерџијата“ на табелата и еден од главните кандидати за титулата. Во таборот на Милан сигурно ќе бидат разочарани бидејќи загубија два бода во трката за највисок пласман, но сепак треба да се среќни и со бод ако се знаае дека до 90. минута губеа, а Лука Јовиќ се покажа како „златна резерва“ и спречи срамен пораз на „росонерите“ од последниот тим на табелата.
А почетокот воопшто не најавуваше ваков исход, откако Милан во 17. минута поведе со голот на Томори, кој натрча во петерецот и го совлада домашниот голман. „Росонерите“ имаа шанси и за втор гол, не ги искористија, по што казната стигна во 42. минута, кога Фацио натрча по еден корнер и со глава го матираше Мењон.
Пиоли пред крајот на првото полувреме го загуби Кјаер поради повреда, а во вториот период се повреди и стрелецот Томори. И токму додека Томори лежеше повреден, домаќините не ја исфрлијата топката туку ја продолжија акцијата, па Кандрева со удар од дваесетина метри го матираше невнимателниот Мењон и донесе огромен триумф на гостите.
Очекувано, Милан се отвори во обид да постигне втор гол и да спаси барем еден бод, тоа им успеа на „росонерите“ во 91. минута, кога Лука Јовиќ одлично се снајде по една спуштена топка од Жиру, сместувајќи ја со волеј удар во мрежата.
Фиорентина на вториот меч од вечерашната програма како гостин ја совлада Монца со 0-1, со погодокот на Белтран постигнат во раната фазаод мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА