Лука Јовиќ кој беше доведен во Реал Мадрид како големо засилување од Ајтрахт за 60 милиони евра не ги исполни очекувањата и сега се наоѓа пред излезните врати на „Сантијаго Бернабеу“, а кралскиот клуб ќе се обиде да се реши од услугите на Србинот по „рецептот“ на Мартин Одегард.
Тоа значи дека српскиот репрезентативец ќе замине на едногодишна позајмица по која мадридскиот клуб ќе го продаде играчот и доколку тоа значи загуба на финансии.
За услугите на 23-годишникот е заинтересиран Интер, а во напаѓачот гледа замена од клупата за Един Џеко кој пристигна во клубот ова лето по заминувањто на Ромелу Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА