Прилепскиот прволигаш Победа остана без спортскиот директор Јовица Обрадовиќ. Како што информираат од клубот, тој од денеска веќе нема да ја извршува функцијата откако си поднесе оставка поради зголемени приватни обврски и неможност во целост да се посвети на активностите во клубот.
„ФК Победа му се заблагодарува за неговиот вложен труд и заслугите за работата која ја извршуваше и со која придонесе во оваа и минатата сезона ФК Победа од Втората да избори пласман во Првата лига и да постави темели на проектот создавање на тим од млади играчи кои во иднина ќе значат многу во македонскиот фудбал“, истакнаа од клубот.
Победа грчевито се бори за да обезбеди опстанок во прволигашка конкуренција. Утре на стадионот на Могила, прилепчани во рамките на 29.првенствено коло ќе го пречекаат Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА