Поранешниот македонски репрезентативец, Јовица Симовски ќе биде кандидат за претседател на утрешното изборно собрание на Одбојакрската федерација на Македонија. Тој е предлог на неговиот матиечн клуб, ОК Вардар. симовски ќе го предизвика актуелниот претседател, Петар Јовановски кој ќе бара нов мадат. Јованоски на претседателската позиција е повеќе од една деценија.
Клубот денеска, на последниот термин определен за поднесување на кандидатурите ја испрати апликацијата со името на Симовски. Утре напладне во хотелот „Оаза“ во Штип е закажано собранието на кое македонската одбојка ќе го задржи истиот или ќе добие нов курс и насока во работењето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА