Вечерва на програмата во Бизнис-лигата беа двете полуфинални средби:
Алаѓозовски со два гола во второто полувреме го однесе Лукоил во финалето
Лукоил 2-1(0-1) ЕЛЕМ
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 30’ 37’
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 7’
ЈСП со пресврт до победа над Рамстор и влез во финалето
ЈСП 3-2(1-2) Рамстор
ЈСП: Сабит Хусеини 17’ Даниел Антовски 23’ Љупчо Павловиќ 34’
Рамстор: Ведат Арслан 5’ 13’
И двете екипи го започнаа полуфиналето во доста брз и отворен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. Прва дојде до водство екипата на Рамстор уште во раната фаза од натпреварот кога преку Арслан во 5. минута поведе со 0-1, по што следеше уште една одлична серија на Рамстор кога Арслан повторно стрелаше во 13 минута за водство од 0-2. Во самиот финиш од полувремето ЈСП преку Хусеини намали на резултат од 1-2. Во второто полувреме и двете екипи играа позатворен фудбал игра која повеќе му одговараше на ЈСП кој во 23 минута преку Атанасовски успеа да израмни на 2-2, за да во самиот финиш преку Павловиќ поведе со 3-2, што се покажа како конечен резултат на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА