Датумот 20 мај со златни букви останува запишан во историјата на Барселона бидејќи на овој ден, пред точно 25 години, катлаонскиот гигант стигна до својата прва титула европски првак.
Каталонците отсекогаш важеле за голем клуб, но долги години не успеваа да излезат од сенката на Реал Мадрид кога станува збор за елитното европско натпреварување. Тоа се промени во сезоната 1991/92, кога Барса стигна до големото финале на „Вембли“ против Сампдорија, успевајќи да се искачи на тронот на Европа.
Роналд Куман беше стрелецот на голот што ја промени историјата на каталонскиот гигант, носејќи ја првата титула европски првак на Барселона. Оттогаш Барселона уште четири пати се искачи на врвот на европскиот клупски фудбал, но најмногу секогаш се памети првиот пат, па овој гол на Куман засекогаш останува дел од каталонската фудбалска историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА