Пред точно десет години на денешен ден се одигра еден од најлудите мечеви во историјата на Премиер-лигата, дерби-дуелот меѓу Ливерпул и Арсенал што заврши без победник, 4-4.
Во главна улога беше Андреј Аршавин, кој стана прв фудбалер што постигнал четири гола на „Енфилд роуд“, откако рускиот ас имаше свое шоу во дресот на „топчиите“. Кога го постигна четвртиот гол се чинеше дека победата е осигурана, но Ливерпул не се предаде, па со голот на Бенајун стигна до израмнување од 4-4.
Потсетете се на најинтересните моменти од овој меч, дефинитивно еден од најнезаборавните во историјата на Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА