Јубилеј на Јакимовски: Влез во „Клубот 1.000“ во НЦАА-лигата

Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Колорадо, што сепак беше недоволно за неговиот тим да избегне пораз на дуелот со УФЦ најтс (74-75) во рамките на НЦАА-лигата.

Македонскиот репрезентативец со 16 поени беше меѓу најдобрите во својот тим, но она што е уште поимпресивно, Јакимовски со својот 13. поен влезе во „Клубот 1.000“, во кој „членуваат“ играчи со најмалку илјада постигнати поени во НЦАА-лигата.

Андреј сезонава е мѓу најдобрите кошаркари во тимот на Колорадо, а добрите игри би требале да му бидат препорака за камбек во Европа следното лето, ако се знае дека оваа сезона согласно правилата е последна за него во американското универзитетско натпреварување.

Се вчитува...