Јубилеј на Ристовски во Динамо Загреб: Одигра 150 натпревари (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски пред денешниот натпревар во хрватското првенство против Горица доби посебна чест од страна на клубот одбележувајќи 150 официјални натпревари во дресот на „модрите“.

Ристовски својот 150-ти настап за Динамо го имаше против Карабах, натпревар на кој за жал се повреди па го пропушти денешниот натпревар.

Дресот со бројот 150 му го врачи капитенот и некогашен репрезентативен колега, Аријан Адеми.

Се вчитува...