Јубилеј од големиот триумф: Македонска лекција по кошарка за Грците (видео)

На денешен ден пред точно 13 години, на 3 септември 2011 нашата кошаркарска репрезентација ја забележа една од најголемите победи во својата историја, декласирајќи ја Грција со убедливи 72-58 како дел од Европското првенство што се одржуваше во Литванија.

Нашите кошаркари предводени од селекторот Докузовски на клупата и од феноменалниот Мекејлеб на теренот успеаја да го демолираат јужниот сосед, шокирајќи ги Грците кои важеа за фаворити, но мораа со наведнати глави да го напуштат теренот.

Мекејлеб беше главна фигура на мечот со 27 поени, Перо Антиќ имаше 12 поени и осум скокови, додека Гечевски и Чековски го завршија мечот со по 11 поени.

Уживајте во дел од најубавите моменти на овој фантастичен триумф на нашите кошаркари…

Се вчитува...