Најголемиот успех на македонската репрезентација беше остварен на денешен ден пред седум години, кога на Евробаскет 2011 пред нашите кошаркари потклекна домаќинот Литванија.
Тоа беше меч од четвртфиналето од ЕП, Литванците ја имаа улогата на апсолутни фаворити, но македонските „лавови“ излегоа жедни за успех, одиграа храбро, па на крајот во епска завршница со тројката на Владо Илиевски да стигнеме до извонредна победа од 67-65.
„Леле што направивме“ останува реченица – синоним за неверојатната победа со која Македонија се најде меѓу четирите најдобри селекции во светот, врв на кариерите на речиси сите кои го носеа црвено-жолтиот дрес, преводени од Марин Докузовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА