Во 32. коло од англиската Премиерлига, фудбалерите на Манчестер сити победија на гостувањето кај Кристал Палас со 2-4, а белгискиот играч за врска Кевин де Брујне постигна два гола за гостите.
Со тоа 32-годишниот Де Брујне го постигна својот 100. јубилеен гол во дресот на Манчестер сити, во сите натпреварувања. Де Брујне викендов го одигра 372. натпревар за Сити, а освен што го постигна 100. гол, ја запиша и 157 асистенција.
Де Брујне кариерата ја започна во белгиски Генк. Потоа играше за Челси, како позајмен во Вердер и Волфсбург. Тој е член на Манчестер сити од 2015 година. За репрезентацијата на Белгија забележа вкупно 99 настапи и постигна 26 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА