Јубилејна десетта титула – Ал Ахли повторно најдобри во Африка

Фудбалерите на Ал Ахли по десетти пат во историајта триумфираа во африканската Лига на шампиони. Египетската екипа во финалето одиграно во Казабланка славеше над Кајзер Чифс од Јужна Африка со 3-0 и така го одбрани трофејот од минатата сезона.

Тимот од Каиро со десет титули е најтрофеен во Лигата на шампионите, а следат Замалек и Мазембе кои имаат по пет.

Кајазер Чифс доживеа неуспех во своето прво финале во елитното натпреварување.

 

 

Се вчитува...