Југослав Тренчовски дел од тренерскиот тим во мароканскиот великан

Еден од најдобрите млади македонски фудбалски стратези Југослав Тренчовски има нов предизвик во кариерата, откако стана дел од стручниот тим на еден од најголемите клубови во Мароко Раха Казабланка.

Откако ја заврши епизодата во Првата лига на Бангладеш каде беше тренер на екипата на Шеих Расел, македонскит стретег сега замина во Мароко. Тренчовски вчера го имаше првиот тренинг со тимот во кој ќе му биде помошник на првиот тренер, босанскиот стратег Русмир Цвико.

Се вчитува...