Одличниот македонски фудбалски стратег, Југослав Тренчовски ќе има нов ангажман во новата сезона. Тој е назначен за нов тренер на словенечкиот прволигаш Радомље.
Тренчовски во Словенија доаѓа од Кувајт, а во кариерата работеше во Беласица, Хоризонт, Кожуф и Брера, а беше и спортски директор на Академијата Пандев, како и селектор на младата репрезентација до 19 години.
„Веќе три години го следам Радомље и добро го познавам нивниот проект. Клубот има јасна визија – развој и промоција на млади фудбалери, нешто што веќе 12 години го работев во Македонија со клубот Брера. Радомље има сличен пристап, што беше клучно за мојата одлука,“ изјави Тренчовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

