Еден од најдобрите македонски фудбалски стратези, Југослав Тренчовски имаше одлична сезона во тимот на бангладешкиот Шеик Расел со кој ја исполни целта опстанок, во најсилниот шампионат во оваа земја.
Тренчовси пред успешната авантура во Бангладеш, беше дел и од стручниот штаб на саудискиот Ал Оробах кој на крајот на тековната сезона успеа да обезбеди и пласман во Премиерлигата.
Токму поради сите овие одлични резултати, Тренчовски е на мета на клубови од Саудиска Арабија. Како што дознаваме неколку клуба се во игра за потпис на македонскиот стратег, а се би требало да се знае до 15. јули. Тренчовски пред интернационалната авантура, со голем успех ја водеше Академија Пандев (АП Брера) со која во сезоната 2018/2019 го освои Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА