Додека трае протестот во „меурот“ во Орландо поради расизмот и полициската бруталност кошаркарите од овие простори кои се дел од НБА лигата го искористија слободното време за заедничка дружба.
Бекот на Мајами Хит, Горан Драгиќ сподели фотографија на социјалните мрежи на која е на заедничка вечера со Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ, Бобан Марјановиќ и Влатко Чанчар. Драгиќ накратко под фотографијата напиша „Балкан“, а голем дел од фановите коментираа на тема дека овој тим може комотно да ги предизвика најдобрите американски ѕвезди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА