И во месец јули, тимот на Државна видеолотарија остана посветен на реализирањето на нашата визија. Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно, реализирани се неколку цели, со кои придонесуваме кон создавањето подобро општество за сите.
Со донација го подржавме Центарот за младински активизам Крик. Нивниот млад и амбициозен тим, заедно со Сојузот на извидници на Македонија, во периодот од 16.07.2019 до 21.07.2019 во извидничкиот центар во Охрид, имплементираа инклузивни кампови. Камповите нудеа бројни активности за млади и лица со попреченост.
Со донација обезбедивме таблети за ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести, кои треба да им го олеснат болничкиот престој на дечињата, кои се лекуваат на клиниката.
И оваа година ја продолживме соработката со автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе. Со нашата поддршка, настојуваме да придонесеме во реализирањето на неговите професионални заложби, за успешно интернационално претставување на нашата земја во светот на автомобилистичкиот спорт.
Тимот на Државна видеолотарија останува посветен и на нашите играчи, но и нивното задоволство. Во месец јули постигнати се 11 МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки во вкупна вредност од 16.076.462,00 денари. Годинава започнавме со реализација на нашата стратегија за одговорно играње. Во склоп на стратегијата, започнавме со едукација на играчите за одговорно играње. Паралелно со тоа, активна е СОС линијата на која може да се добијат бесплатни совети за одговорно играње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА