Јулијан Дракслер по пет години поминати во Париз замина од ПСЖ

Јулијан Дракслер по пет години поминати на „Паркот на Принцовите“ ќе ја промени средината и оваа сезона ќе го носи дресот на Бенфика, потврди португалскиот клуб. Германскиот интернационалец во Португалија доаѓа на позајмица со цел да ја спаси кариерата.

Некогашниот голем талент на германскиот фудбал пристигна во главниот град на Франција како огромно засилување, но никогаш не ги исполни очекувањата. И покрај тоа што одигра речиси 200 натпревари за „светците“, во последните години неговата минутажа забележа голем пад, а ова лето беше изоставен од тимот со цел да се изнуди заминување.

 

Се вчитува...