Јунајтед дава богатство за Виктор Осимен

Манчестер јунајтед е подготвен да понуди 120 милиони евра на Наполи за напаѓачот Виктор Осимен, пишуваат британските и италијанските медиуми. Нигерискиот ас е топ мета на јунајтед во летниот преоден рок поради импресивните настапи во Серија А каде е најдобар стрелец со 16 голови на 17 натпревари.

Стратегот на Јунајтед Ерик тен Хаг би го решил потенцијалниот проблем на напаѓачката позиција со доведување на Нигериецот. Марсијал, кој е склон на повреди, веќе е на излезна врата, Холанѓанецот Вут Вегорст е позајмен, а клубот од „Олд трафорд“ би останал практично само со еден напаѓач, Маркус Рашфорд.

Откако минатата недела Челзи од Бенфика во своите редови го донесе Аргентинецот Енцо Фернандез за 121 милион евра, што е рекорден трансфер во Премиер лигата, доаѓањето на Осимен во јунајтед за 120 би било второ највисоко во англиската лига, но и рекорд  за јунајтед.

Конкуренција на Манчестер во доведувањето на Осимене би можел да биде Челзи чиј сопственик Тод Боли веќе потроши многу пари на засилувања и се очекува на лето да влезе во трката за одличниот нигериски напаѓач.

Се вчитува...