Џејдон Санчо минатото лето остана во Борусија Дортмунд, но англискиот суперталент на крајот од оваа сезона ќе ги напушти „милионерите“. Манчестер Јунајтед делуваше најзагреано, но „црвените ѓаволи“ сега добиваат сериозна конкуренција откако Челси се вклучи во трката по 20-годишниот Санчо.
Томас Тухел добил ветување дека ќе биде поддржан од управата за остварување на желбите на фудбалскиот пазар, а на врвот на неговата листа се наоѓа токму Санчо. „Сините“ на крајот од ланската сезона потрошија 300 милиони евра на нови фудбалери, а се очекува Тухел да има буџет од најмалку 200 милиони за претстојното лето.
Половина од овие пари би биле инвестирани во Санчо, кој сака да се врати во Премиер-лигата, а Борусија Дортмунд тешко дека ќе може да го задржи, особено по катастрофалната бундеслигашка сезона во која не само што овој тим не се бори за трофеи, туку и тешко дека ќе успее да стигне до место во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

