Манчестер јунајтед ќе биде сериозно засилен за претстојното градско дерби со Манчестер Сити закажано за сабота откако двајца важни првотимци се вратија назад на „островот“ по настапот за своите репрезентации на Купот на Африкански Нации.
Брајан Мбеумо и Амад Диало од денеска се на тренинг со својот клуб, откако нивните селекции не успеаа да се пласираат во полуфиналето на КАН.
Мајкл Карик за првпат водеше тренинг откако ја презеде палката од Рубен Аморим, а камбекот на двајцата важни првотимци сигурно е одлична вест пред пресметката со градскиот ривал.
Останува да се видат тактичките замисли на Карик, дали веднаш ќе им даде шанса на повратниците или Мбеумо и Диало ќе влезат во игра во второто полувреме, во зависност од текот на дербито.
Back with the Reds 🔙🔴 pic.twitter.com/ujUDLgt6fs
— Manchester United (@ManUtd) January 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

