Јунајтед е на чекор до нов пехар: Рашфорд пак стрела, Кариус мораше подобро да реагира (видео)

Манчестер Јунајтед е на добар пат да се закити со трофејот во Лига-купот на Англија откако „црвените ѓаволи“ набрзина поведоа со 2-0 во финалето на „Вембли“ против Њукасл.

Долго време се играше израмнето, се додека Кашемиро не се најде на вистинското место по слободниот удар на Шо и донесе водство на „црвените ѓаволи“.

Њукасл беше во шок, а Јунајтед го искористи тоа и постигна нов гол преку Рашфорд, кој шутираше од седум-осум метри, еден противнички дефанзивец го блокираше ударот, но топката сепак заврши над Кариус, во ситуација кога голманот на Њукасл мораше подобро да реагира.

Се вчитува...