Манчестер јунајтед едвај стигна до реми (2-2) на гостувањето против Саутемптон на „Сент Мери“ во 14. коло од Премиер лигата.
Се на натпреварот се случи во првото полувреме. Домашните најпрво за само 20 минути игра дојдоа до предност од 2-0. За 1-0 погоди Армстронг во 13. минута а потоа и Соарес во 20. минута за водство на Саутемптон од 2-0…
Манчестер јунајтед успеа да намали преку Лукаку во 34. минута…
А, конечните 2-2 ги постави Херера во 39. минута од средбата.
По овој бод, Манчестер јунајтед остана на седмата позиција на табелата со 22 бода, а Саутемптон е на 18. место со досега само 9 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА