Хрватот Иван Перишиќ е голема желба на менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, и тој бара начин како да го доведе на „Олд Трафорд“. Интер побара 50 милиони евра, што за „црвените ѓаволи“ е сепак премногу, а Спалети понуди и можност да го добие Антони Марсијал во евентуална размена.
Сепак, ваквиот предлог не му се допаѓа на Мурињо. Тој испрати малку поинаква понуда, во која би можеле да бидат вклучени дефанзивецот Крис Смолинг и десниот бек Матео Дармијан. Манчестер јунајтед и би доплатил одредена сума, за да го добие правото за купување на крилниот играч Иван Перишиќ. Сега на потег повторно се Интер и Спалети…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА